Петкоски: Алијанса и Владата на СДСМ во Струга тераат бизнис и поради тоа ги трујат граѓаните

На панел дискусијата на ВМРО-ДПМНЕ, Перо Петковски советник од редовите на оваа партија, ја кажа вистинската причина зошто во Општина Струга не се решава проблемот со депонијата.

Истакна дека советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Општина Стуга активно се ангажираат за решавање на проблемот со депонијата, но градоначалникот одбива да прифати било какви сугестии.

„Проблемот постои веќе десет години од времето кога градоначалник на Струга беше Рамиз Мерко и продолжил во мандатот на Зијадин Села и новиот градоначалник“, додаде Петковски.

Според него, проблемот општината одбива да го реши поради бизнисот кој општината го прави со сопстевниците на депонијата. Од буџетот на Општина Струга на годишно ниво се одвојуваат 100 илјади евра за исплаќање на депонијата иако сопствениците не ги исполнуваат потребните услови за да се заштити животната средина како на пример редовно тампонирање.

Петковски додаде дека граѓаните од општината бараат бизнисот да го остави на страна и да се работи за доброто на граѓаните. Депонијата негативно влијае и на туристите и во иднина според Петковски треба посериозно да се пристапи кон проблемот.