За 4 февруари подготвуваме заедничко чествување со РС Македонија за Гоце Делчев по повод 150-годишнината од неговото раѓање, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков во излагањето пред пратениците на Народното собрание.
– Димитар Ковачевски е премиер на РС Македонија една недела, и четири од тие осум дена ги помина со бугарската Влада. Ова укажува на желба да се заврши работата – вели Петков.
Тој рече дека додека траеле разговорите за економијата и инфраструктурата, двете страни разговарале и за теми кои се важни за Бугарија – правата на Бугарите во РС Македонија и рамковната позиција.
– Ковачевски рече дека не гледа проблем со вклучување на Бугарите во РС Македонија во нивниот Устав. Тој не се обврза со време -низјави Петков.
Според него, има многу декларации од двете страни, но вистинската работа не е завршена.
– Министрите кои дојдоа во Бугарија беа во огромен број и постигнавме голем напредок во повеќе области. Потпишавме три меморандуми, кои беа во многу клучни области, вклучувајќи го и Коридорот 8. Тој испадна од листата на европски проекти, ако сакаме да го вклучиме тоа ќе се случи со заедничка работа – рече Петков.