Петков на средба со ЕУ амбасадорите, меѓу темите и односите на Бугарија со Македонија

Бугарскиот премиер Кирил Петков, ги информираше амбасадорите од земјите членки на Европската унијам за „новата динамика“ во односите меѓу Софија и Скопје, и ги запозна со резултатите од средбите одржани последната седмциа и изјавил дека смета на поддршка од „европското семејство“, соопштија меѓу другото во петокот од кабинетот на претседателот на бугарската влада.

Петкод се сретна со дипломатите од ЕУ на иницијатива на францусата амбасадорка во Софија, Флоранс Робин, чијашто земја претседава со Унијата, додаваат од владината служба за односи со јавноста.

Меѓу темите на средбата се зборувало за борбата со корупцијата и реформата на бугарскиот правосуден систем, како и тензиите на границите на Украина, Бугарскиот премиер Петков истакнал дека дипломатските напори за деескалација на тензиите треба да продолжат. Истовремено секако, додал Петков, мора да се биде подготвен и за развој на лоши сценарија.