Премиерот во оставка Кирил Петков го предложи Асен Василев за нов премиер на Бугарија и кажа дека има доверба во него.
„Нема да дозволиме Бугарија да тргне во погрешна насока. Сметам дека Асен нема да дозволи такво нешто“, кажа Петков.
Мандатот треба да се додели денеска во 17 часот од страна на бугарскиот претседател Румен Радев.