Петков: Општина Виница ја затекнав со огромни долгови, но за краток рок го стабилизиравме ЈП „Солидарност“ и да почнеме со реализација на ветените проекти

На денешниот регионален отчет „Промени што носат иднина – 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ“ кој што се одржа во Кочани свое обраќање имаше градоначалникот на општина Виница, Миле Петков кој што истакна дека општината ја затекнал со огромни долгови но за краток рок успеале да го стабилизираат ЈП „Солидарност“ и да започнат со реализација на многу од ветените проекти.

-Кога стапив на функцијата градоначалник на општина Виница затекнав општина со вкупен долг од 55 милиони денари и неплатени обврски за извршени услуги кои секојдневно достасуваа за наплата. Затекнавме и нефункционално Јавно Претпријатие со долг од 23 милиони денари и Јавно Претпријатие кои со месеци не можеше да исплаќа плата за вработените. И покрај проблемите со кои се соочувавме успеавме да се справиме со напливот на неплатени фактури кои пристигнуваа и на краток рок финансиски да го стабилизираме ЈП „Солидарност“, истакна Петков.

Миле Петков во своето обраќање ги наброја проектите кои што ги реализирале во првите 100 дена од доаѓањето на функцијата градоначалник на општина Виница.

-Во првите 100 дена проекти кои што успеавме да ги реализираме и спроведиме: се дорегулација на речното корито на Градечка река, изградба на улица во село Градец, реконструкција на улица Кирил и Методиј и дел од улица Никола Карев во Виница. Доградба на филтер станицата за вода во Виница, реконструкција на водоводната мрежа во село Блатец, санација на градската депонија кај село Лески. Проекти во фаза на реализација, реконструкција на домот на културата Тошо Арсов во Виница. Изградба на затворен гратски пазар во Виница, реконструкција на водоводната мрежа во Виница во должина од 1270 метри, изградба на канализација во Виница во должина од 260 метри, изработка на техничка документација за поврзување на канализацијата во Виница и селата Истибања, Јакимово, Градец , и Лески на прочистителна станица за отпадни води во село Бојанци. Изработка на техничка документација за изградба на канализација на најфрекфрентните сообраќајници во Виница. Реконструкција на санитарните јазли во средното општинско училиште Ванчо Прке Виница, изградба на сензорна соба во детската градинка Гоца Делчев -Виница, нагласи Петков.

Градоначалникот на општина Виница, Миле Петков ги наброја проектите кои што ќе ги реализира до крајот на годината.

-Проекти кои што планираме да ги реализираме до крајот на година се: реконструкција на локален пат Блатец-Детлово, термоизолациона фасада ии зградба на лифт на зградата на општина Виница, крпење на ударни дупки во градот и локалните села, хоризонтална и вертикална сигналзација, поплочување на улици и тротоари во Виница и населените места изградба на спортски терени во селата Градец, Трсино и Пеклино, асфалтирање на крак на улица Кирил и Методиј, реконструкција на улиците Страшо Пенџур, Славчо Стојменски, изградба на улици во селата Јакимово, Црн Камен, Градец, Блатец Истибања, трсино, Пеклино, и Лепец. Реконструкција на локални патишта во селата Калиманци, регулација на речните корита на Градечка и Виничка река и тн. Почитувани промените се случуваат, проектите се повеќе ќе бидат видливи и сите оние кои што ги ветивме на граѓаните ќе ги реализираме во целост. Сите заедно да создадеме нова иднина, нагласи Петков.