Петков предлага шест месеци за интензивни разговори и работни групи

Бугарија предлага нов брз процес за деблокирање на Македонија, со временска рамка не подолга од шест месец, вели новиот бугарски премиер Кирил Петков во нтервјуто објавено во Financial Times, објаснувајки дека Софија сака 100 проценти да биде на линијата на НАТО и ЕУ За новиот план Петков веќе разговарал со македонскиот премиер во оставка.

Во телефонскиот разговор двајцата се договориле двете земји да формираат работни групи од сите области кои ке работат за поврзување и надминување на блокадата. Петков очекува дека промените во Софија, но и во Скопје, ќе донесат нов квалитет во преговорите.

Премиерот Заев во вторникот на социјалните мрежи го поздрави предлогот на Петков за формирање работни групи како начин за унапредување на односите мегу двете земји.

„Во разговорот изразивме подготвеност да ја забрзаме нашата комуникација и соработка низ повеќе работни групи во областите на економијата, културата, здравството, енергетиката, инфраструктурата и други области од интерес на македонските и на бугарските граѓани“, објави Заев.

Додава дека со бугарскиот колега изразиле подготвеност да ја забрзаат комуникацијата и соработката низ повеќе работни групи во областите на економијата, културата, здравството, енергетиката, инфраструктурата и други области од интерес на македонските и на бугарските граѓани.

„Се согласивме да продолжиме да работиме на изнаоѓање прифатливо решение за деблокирање на постапката за почеток на преговорите за членство на С Македонија во ЕУ и за нов позитивен импулс за зајакнување на билатералните односи меѓу нашите две земји, во име на заедничката европска иднина“, пишува Заев.

Инаку, интензивирање на секторската соработка мегѓ Бугарија и Македонија предвидува и договорот на коалиционите партнери во Софија, од кои сите не ја делат флексибилноста и оптимизмот на премиерот Петков.

Во делот на документот посветен на надворешната политика се предвидува новата влада да ја задржи единствената позиција кон Скопје, да се обезбеди заштита на македонските грагани со бугарски идентитет и да продолжи со работа историската комисија. Петков веќе најави дека ке ги прифати забелешките на партијата Има таков народ (ИТН) од македонските учебници да се избрише дека Бугарија била фашистича во Втората светска војна.