Премиерот на Бугарија во заминување Кирил Петков во интервју за Times верува дека направи моќни непријатели во Русија кога ја прекинал зависноста на неговата земја од неа за снабдување со гас.
Петков во интервјуто изјави дека за време на краткото владеење со Бугарија научил вредна лекција за борбата против корупцијата во источна Европа.
Петков бил решен да се бори против влијанието на рускиот претседател Владимир Путин во источна Европа, но стравувал дека Русија планира да го собори од власт пишува британското издание.
Проблемите, според Петков, започнале во април кога тој одбил да ѝ плати за рускиот гас на Москва во рубљи, а потоа склучил договор за алтернативни испораки од Азербејџан.
„Азербејџанскиот гас чинеше трипати помалку од гасот од Газпром, но претходната влада некако се откажа од него. Тие рекоа дека нема гасовод, но се покажа дека имаме постоечка врска која е доволна. Некој се договорил со плати три пати повеќе“, наведува Петков.
„Треба да бидете крајно глупави, или корумпирани, за да го направите тоа“, додава Петков
Според Петков, Москва одговорила на потегот со поттикнување на опозицијата во парламентот, што доведе до изгласување недоверба на неговата влада минатиот месец.
Во интервјуто ги споменува и 70-те протерани руски дипломати и ветото за Македонија, тврдејќи дека зад сите овие скандали стојат руски интереси или интереси на организираниот криминал.