Петков за БТВ: Македонско малцинство во Бугарија нема, за Бугарите во Македонија ќе бараме гаранции

Во интервјуто за БТВ пред доаѓањето во Скопје, бугарскиот премиер Кирил Петков беше прашан и за Македонците со бугарска самосвест во Македонија (терминот Македонци со бугарска самосвест во Македонија што го употребува водителката наликува на сфаќањето дека Македонија е територија во која живеат граѓани со бугарска, албанска и друга самосвест, но не и Македонци во национална смисла), но и за македонското малцинство во Бугарија.

ПЕТКОВ: Рокот од шест месеци што го поставив беше за рамката во која работните групи треба да работат и да ја завршат работата со средби еднаш месечно. Јас никогаш не сум давал точен рок за решение.

БТВ: Сега одите и што ќе им кажете на Македонците?

ПЕТКОВ: Ќе им кажам дека е време политичарите да запрат со еднострани удари, како декларациите, туку дека е време да ги засукаме ракавите…

БТВ: Само што болната тема е историјата. Какви гаранции за Македонците со бугарска самосвест сакаме?

ПЕТКОВ: Сакаме гаранции кои секој граѓанин на ЕУ треба да ги има, а тоа е нулта толеранција кон дискриминацијата.

БТВ: Дали Вие сте воделе разговори со претставници на амбасадата на САД за признавање на македонско малцинство во Бугарија?

ПЕТКОВ: Никогаш!