Петкова: Власта и натaму предлага закони по скратена постапка и со европско знаменце

Утре на собраниската седница се наоѓаат два закони од областа на труд и социјална политика кои иако се нови закони се предложени по скратена постапка и со европско знаменце. Најпрво сакаме да го изразиме нашето незадоволство од процедурата и праксата на оваа несериозна власт да се носат нови закони по скратена постапка. Сметаме дека секој нов закон кој што треба да се носи во ова Собрание мора да подлежи по длабока анализа и аргументирани дебати се со цел законите да бидат квалитетни и да се во интерес на граѓаните, вели Ангелинка Петкова, пратеник на пратеничка група ВМРО-ДПМНЕ.

-Едниот од законите е Предлогот на закон за системот за проценка на лица со попреченост, за кој сметаме дека е крајно неодговорно и несериозно нов закон со оваа проблематика да се предлага по скратена постапка без никаква надзорна или јавна расправа во Собранието. Сметаме дека овакаов тип на закон мора да се носи преку редовна постапка на која ние пратениците ќе имаме доволно време да ја истражиме оваа проблематика и да ги вкрстиме аргументите. Дополнително, сметаме дека е неопходно да се организира јавна расправа на која што учество ќе земат и засегнатите страни. Законот се предлага без консултација со стручната јавност, како и без консултација со организациите на лицата со попреченост. Исто така донесувањето на овој закон не е од итно, евроинтергативно или друго стратешко значење за државата и оттаму нема основана причина за негово носење без јавна дебата и поширока општествена анализа и расправа, вели таа.

„Бидејќи власта не направила никаква консултација со организациите и здруженијате на лицата со попреченост, ние како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ денес во Собранието остваривме средба со нив, со цел да ги слушнеме нивните забелешки по основ на овој закон.

На средбата претставниците од овие здруженија ни поднесоа низа на забелешки кои што не се инкорпорирани во ова законско решение.

Најпрво забелешката беше што не се повикани и опфатени сите здруженија за лица со попреченост. Исто така имаше забелешка дека лицата со Даунов синдром се изоставени од законот“ – посочи Петкова.