Петковиќ: Курти му зададе смртоносен удар на Бриселскиот договор

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија на српската влада Петар Петковиќ се обрати на вонредна прес-конференција.

Ја известуваме јавноста дека со изјавата дека не го интересира формирањето на Заедницата на српски општини, (косовскиот премиер Аљбин) Курти му зададе смртоносен удар на Бриселскиот договор и удар на секаква друга соработка во односите на Белград и Приштина“, кажа Петковиќ.

„Поради сето ова се очекува реакција на државата Србија, особено поради бруталното кршење на правата и одговорите. Ова однесување на Курти е капка во преполната чапа, ваквото однесување на Приштина надмина секаква мера“, кажа Петковиќ.

„Нашиот народ јасно порача дека ќе направи сè за да се бори да го одбрани правото на останување на Косово и Метохија. Нашиот народ на демократски начин ќе пружи отпор. Србија на крајот ќе победи“, наведе тој.

Петковиќ се осврна и на отсуството на реакција од меѓународната заедница.

„Сити сме од лицемерието и наивноста на Западот, ние ќе го браниме нашето право да се слушне вистината, дека се бориме за мир и стабилност. Не турнаа во ќош, не ни дадоа шанса да се договориме, иако инсистиравме во Брисел да најдеме решение, но од другата страна го имате однесувањето на Аљбин Курти со крајна цел да се протера Србија и да го избрка нашиот народ од КиМ. Тоа Белград нема да го дозволи“, наведе Петковиќ.

На прашањето дали какви било преговори со Приштина имаат смисла, и констатацијата дека во ЕУ очекуваат брз одговор на француско-германскиот предлог, Петковиќ одговори дека нема брз одговор од Брисел и од Западот кога Курти брутално го крши Бриселскиот договор.

„Кога Курти ги понижува и Германија и ЕУ среде Брисел, кажувајќи дека не го интересира Заедницата на српски општини? Зошто нема одговор на тоа?“, праша Петковиќ.