Слушајќи ги вашите излагања, јас навистина не можам да се начудам дали воопшто сте свесни дека граѓаните со неизвесност го очекуваат секој нов ден и додека со неизвесност го чекаат секој нов ден се отвора прашањето каде е крајот. Властодршците ги донесоа граѓаните во безизлезни ситуации, истакна во петокот Лидија Петковска, пратеник од редовите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За обнова на Македонија“ на денешната собраниска седница за буџет.
Петковска додаде дека власта се фали дека интензивно работи на образованието но фактите говорат спротивно.
„Немаме никаков прогрес и подобрување на образовниот квалитет во образовниот систем во земјава. Недоволно јавни инвестиции за образование и обуки, 3.7% од БДП споредено со просекот од 5% земјите Организација за економска соработка и развој. Тоа значи 150 милиони евра помалку инвестиции секоја година“, нагласи Петковска.
Петковска посочи дека има незначителни издвојувања за буџетски средства за истражувања и иновации. Исткана дека само 0,4 отсто изнесува бруто домашниот производ (БДП) на земјата споредено со просекот од 2.2 отсто во Еевропската унија.
Тоа значи 200 милиони евра помалку за инвестиции во иновации, истражување и развој секоја година, констатираше Петковска, предупредувајќи дека образовниот систем е под политичко влијание и корупција.