Претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски смета со овие 9.100 починати од корона не можеме да се пофалиме дека добро поминавме во пандемијата.
„Голем удел во тоа имаат ширачите на теории на заговор, бидејќи доколку потрезвено и поразумно ги прифатевме вакцините кои што беа понудени рано во почетокот на пандемијата, сега сигурно ќе имавме барем две или три илјади помалку жртви. Многу простор им дадовме на разните теории, вели д-р Петличковски во емисијата „24 анализа“.
„Вакцините се некакво мерило. Имаме најнизок процент на вакцинација. Зошто баш во овој регион, приврзаниците на теории на заговор ги прифатија ваквите небулози не можам да кажам“, додаде Петликовски.
Според него, теориите дека ковидот е создаден за истребување на популацијата или дека е поврзан со 5Г или дека со авиони се прска алиминум хидроксид се небулози и за дете од основно училиште со барем малку образование.