Александар Петличковски, претседателот на Комисијата за заразни болести после денешниот редовен состанок информираше дека се отвораат дополнителни пунктови за тестирање за Ковид-19 и тоа во Скопје од денес веќе ќе работат пунктовите во Ѓорче Петров, Идадија, Бит Пазар, каде ќе може секој матичен лекар да закаже тестирање за ковид за својот пациент.
-Дополнително планираме отварање на пунктови и во оние пунктови кои беа активни наназад во пандемијата и низ државата, тоа се пунктовите на Центрите за јавно здравје,со цел оној период кој го уочивме како предолг за закажување на тестирање да го скратиме, вели Петличковски.