Четири лица полицајци и напаѓачот се убиени во нападот врз префектурата на полицијата во Париз кој се случи во раните попладневните часови во четвртокот, пренесува телевизијата BFMTV која претходно објави дека смртно бил застрелан напаѓачот и оти уште пет лица биле ранети.
Засега неидентификуван маж за јавноста со нож нападнал полицајци во префектурата на полицијата на Ил де ла Сите, во четвртиот арондисман на Париз.
Според последните информации, нападот го извршил вработен во париската полициска префектура врз своите колеги. Претставникот на преофесионалната асоцијација на полицијата изјави дека причините за нападот засега се непознати.
„Претпоставениот напаѓач започнал во неговата канцелари, пред да продолжи во другите простории на префектурата. Напаѓачот бил административен колега кој работел повеќе од 20 години. Тој не бил предмет на никаков извештај“, рекол синдикалистот Лоис Травер.
Засега не се откриваат и задачите кои ги извршивале жртвите во полицијата на француската престолнина.
На местото на настанот пристигнаа претседателот Емануел Макрон, премиерот Едуар Филип и министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер, кој порди нападот ја одложи својата работна посета на Турција.
Квартот на острвот Сите во кој се наоѓа префектурата е целосно блокиран од полициските сили. Блокиран е и мостот Сен-Мишел.