Петмина осудени за „27 април“ побараа ослободување од притвор

Петмина од осудените за 27 – ми април денеска од Апелациониот суд побараа да бидат пуштени од притвор до правосилност на пресудите.

Со жалба до второстепениот суд излез од Шутка побараа екс директорот на БЈБ, Митко Чавков осуден на 18 години затвор, Горан Ѓошевски, Душко Лазаров и Никола Митревски – Кољо осудени на по 15 години затвор како и Абдулфета Алими осуден на седум години затвор за крвавиот упад во Собранието на 27 – ми април.

Гаранцијата со која Чавков тврди дека нема да бега е 600 илјади евра додека за Алими со имот гарантира Зијадин Села.