Петмина повредени во сообраќајна несреќа во Куманово, меѓу нив и две деца

Пет лица меѓу кои двајца малолетници се повредени во сообраќајна несреќа која вчера во 15:55 часот се случила на крстосница од бул.„Трета македонска ударна бригада“ и ул.„Видое Смилевски Бато“.

Во несреќата, информира МВР, учествувале автомобил „цитроен“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од С.Т.(52) од Куманово и автомобил „хонда“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од М.Д.(33) од Куманово.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.Т., додека неговата сопатничка М.Т.(19), возачот М.Д и негови двајца малолетни сопатници, сите од Куманово, се здобиле со телесни повреди констатирани во Ургентен центар Куманово, велат од МВР.

По овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.