![soobrakajka-147072-149580](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/07/soobrakajka-147072-149580.jpg?resize=640%2C283&ssl=1)
Пет лица се повреденим од кои едно потешкомво сообраќајна несреќа на три возила што денеска околу 12,30 часот се случила на регионалниот пат Желино-Групчин, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според Јосифовски во сообраќајната несреќа учествувале „голф “ со скопски регистерски таблици управуван од 74-годишен жител на од скопско Бојане, „фолксфаген туран“ со тетовски таблички што го управувал 57-годишен тетовец и „опел“, исто така, со тетовски таблици управуван од 29-годишник од тетовско Ларце.
Во несреќата возачот на „голфот“ се здобил со тешки телесни повреди, однсоно скршеница на вратен пршлен и по укажаната помош во тетовската клиничка болница итно бил префрлен на скопските клиники. Двајцата други возачи и двајца сопатници од „туранот“ завршиле со полесни повреди и биле пуштени на домашно лекување.
Екипа од СВР Тетово извршила комплетен увид и работи на утврдување на причините и се друго поврзано со оваа сообраќајка.