Пет лица се повредени, од кои едно потешко, во сообраќајна несреќа која се случила вчера вечерта на булеварот „Словенија“ во Скопје.
Два автомобили „фолксваген голф“ учествувале во несреќата. Едниот автомобил бил управуван од 23-годишниот Б.Н. од Скопје, а другиот од 38-годишниот И.З.(38) од Скопје.
По незгодата учесниците се пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“ и Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде на возачот И.З. и возачот Б.Н. како и на неговите сопатници 21-годишниот Е.Р. една година помладиот и Е.Е., исто така од Скопје, им биле констатирани повреди, додека на сопатникот 22-годишниот М.М. му биле констатирани тешки телесни повреди, информира МВР.
На местото на настанот извршен е увид од СВР Скопје.