Гостиварската полиција привела маж од Добридол гостиварско за пожарот во селото Добридол, кој е локализиран.
– Поради постоење основано сомнение дека го предизвикал пожарот, Н.Б. е приведен и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Ова е петто приведено лице во врска со сомненија за предизвикување пожар во последниве три дена – велат од МВР.
Од таму велат дека во текот на денешниот ден беа приведени по едно лице за пожарите во прилепско и радовишко, вчера за пожар во ресенско, а на 04.08.2021 беше лишен од слобода албански државјанин за пожарот над с. Пожаране, Општина Врапчиште. Во меѓувреме полициски службеници постапуваат и во врска со двете осомничени лица за пожарот кај Блаце и во координација со Јавен обвинител за пожарот кај Старо Нагоричане.