Петмина ранети во пукање на клиника во САД

Шеесет иседумгодишен маж, кој претходно им бил познат на органите на прогонот, во вторникот отворил оган кон клиника во сојузната држава Минесота при што се ранети пет лица, а во зградата се слушнала и експлозија, според локалните медиуми.

Инцидентот се одиграл околу 11 часот по локално време во клиниката „Алиона Хилт“ во градот Бафало, кој има околу 15.000 жители, на 64 колометри северозападно од Минеаполис.

Според Кели Спарст, шеф на одделот за здравство во Бафало, во пукањето биле ранети пет пациенти кои итно биле згрижени во други болнции, но дека не се знае нивната состојба, пренесе Associated Press.

Осомничениот за пукањето е идентификуван како Грегори Пил Улрих од Бафало. Шерифот на Округот Рајт, Шон Дирингер изјавил дека Улрих им бил „добро познат“ на властите пред нападот, поради пријави од 2003 година.

Началникот на полицијата Пат Будке рекол дека неговиот оддел и здравствените установи во областа „имале историја на конфликти“ со Улрих, поради што иследниците веруваат дека неговиот напад бил насочен кон клиниката или кон конретно лице кое се наоѓало во неа. Сепак, изјавил дека е премногу рано истрагата да знае дали конкретен лекар бил цел на нападот.

Локалните медиуми објавија дека приведениот имал неколку апсења и прекршочни пресуди за возење во пијана состојба и поседување мали количества марихуана во периодот од 2004 до 2014 година, главно во округот Рајт, вклучително и две пресуди за опасно возење во пијана состојба со куси затворски казни.

Гувернерот на државата Минесот претходно на прес-конференција изјавил дека „некои импровизирани експлозивни направи биле дел од нападот“, но не кажал дека биле активнирани. Претходно локалниот весник The Star Tribune објави дека имало експлозија во клиниката.

Агенти и пиротехничари на Федералното биро за истраги (FBI) биле испратени на местото на нападот, како и агентите на Бiрото за алкохол, тутун и огнено оружје (ATF) како и специјални агенти до сојузното Биро за криминални приведувања (BCA). Медиумите извесутваат дека покрај на клиниката, биле уништени и прозорци на блискиот мотел, како и дека по повеќе од три часа по нападот, безбедносните сили го поместиле периметарот на околу километар ипол од клиниката.