Петмина рудари загинаа во рудникот Распоточје кај Зеница каде што беа затрупани 34 рудари. Затрупувањето се случи по земјотресот кој го погоди тој дел од Босна и Херцеговина.
Спасувачките служби и техничкиот тим работеа од вчера кога се случи несреќата.
За среќа, вентилацијата во рудникот и понатаму работела и покрај потресот и затрупувањето инаку билансот на мртви, според проценките би бил поголем.