![zemjotres crveno](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/11/zemjotres-crveno.jpg?resize=663%2C358&ssl=1)
Најмалку пет луѓе загинаа и над 120 се повредени во земјотрес земјотрес со интензитет од 5,8 степени што го погоди синоќа северозападен Иран.
Епицентарот на земјотресот, за кој првично беше објавено дека е со јачина од 6,0 степени, беше во провинцијата Источен Азербејџан, на 83 километри од градот Ардабил, на длабочина од 10 километри. Во регионот погоден од земјотресот живеат околу 20 милиони луѓе.