Петмина загинати при напад на полициска станица во Колумбија

Најмалку петмина полицајци загинаа, а 41 е повреден во експлозија на бомба во полициска станица во Баранкиља, Колумбија, информираа колумбиските власти.

Нападот на полициската станица е одмазда на трговците со дрога за успешна акција против криумчарите.

„Нема сомнеж дека е во прашање одмазда поради неодамнешните успешни полициски акции против трговијата со дрога“, изјавил градоначалникот на Баранкиља, Алехандро Чар.

Повеќе лица поставиле бомба во полициската станица, а потоа ја активирале од далечина. Во моментот на експлозијата во станицата имало 49 полицајци. Еден од осомничените напаѓачи е уапсен.