Најмалку пет лица загинаа во Италија во невремето на северот и пожарите на Сицилија, поради што владата прогласи вонредна состојба во најтешко погодените области.
„Со голема тага ја примив веста за два несреќни случаи предизвикани од невремето, во кои животот го загуби шеснаесетгодишно девојче во извиднички камп во Бреша (на северот) и жена во Лисоне (на северотот) врз која падна дрво“, напиша премиерката Џорџа Мелони во порака на Twitter кој го смени името во „Х“.
Силни ветрови до 110 километри на час, силен дожд и град го зафатија Милано, економскиот центар на земјата, рано наутро во вторникот, поплавувајќи ги улиците и корнеа дрвја, кои во толпа паѓаа на патот. Локалното јавно сообраќајно претпријатие пријави сериозни оштетувања на електричната мрежа, а новинар на AFP пријави привремен прекин на водоснабдувањето во историскиот центар на градот.
Додека на северот на полуостровот беснее невреме, југот го зафати топлотен бран со температура од 47,6 степени Целзиусови, кои беа измерени во понеделникот во Катанија, на Сицилија, соопшти локалната служба за цивилна заштита.
Изгорените тела на двајца 70-годишни мажи биле пронајдени во куќа која била зафатена од пожар, а 88-годишна жена починала во близина на Палермо, објавија медиумите во вторникот вечерта.
Освен тоа, сицилијанските пожарникари се бореа со неколку пожари во вторникот вечерта, а еден пристигна во близина на аеродромот во Палермо, кој беше затворен неколку часа во текот на утрото.
Претседателот на сицилијанскиот регион, Ренато Шифани, рече дека ќе побара од владата, која ќе се состане во среда, да прогласи вонредна состојба на медитеранскиот остров.
Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат пожар покрај автопат во близина на Сиракуза со збунети патници кои гледаат, додека на интернет се појави фотографија од необично парче мраз од 19 сантиметри што падна во Ацано Децимо, во близина на Порденоне, на североисток, во понеделникот вечерта.
Поради пожарот во прекин е и железничкиот сообраќај.
„Климатското нарушување што ја погоди нашата земја бара од сите нас, без исклучок, да го промениме нашето однесување“, рече министерот за цивилна заштита Нело Мусумечи.