Петнаесет години Facebook, незапаметен успех и големи грешки

Најголемата социјална мрежа на светот Facebook во петнаесетте години од основањето направи големи чекори кон остварувањето на сонот на нејзиниот основач Марк Цукерберг да го поврзе светот, но притоа направи и големи грешки кои некои од неговите поборници ги претворија во гласни критичари.

Социјалната мрежа е основана на 4-ти феврауари 2004 година во студентската соба на Цукерберг на Хаврвард и од тогаш оствари незапаметен успех, привлекувајќи 2,3 милијарди корисници кои платформата ја користат за размена на информации и поврзување. Но, исто така, изложена е на критики дека повеќе е концетрирана на растот отколку на заштитата на корисниците.

„Тоа е сега моќна компанија којашто содададе многу привлечен производ од кој многумина станаа зависни. Поради тоа има и голема одговорност“, вели во прилогот на AFP, аналитичарот Џош Бернофф.

Facebook минатата 2018 година беше вмешан во низа скандали во врска со заштитата на податоците и кршењето на приватноста на корисниците, како и стравувањата дека со водечката светска социјална мрежа манипулираат туѓи интереси за сопствена политичка полза.

„По низата предизвици во 2018-та, Facebook повеќе не го фалат поради иновативноста. Сега го критикуваат. Facebook полни 15 години и се соочува со зрелост. Тоа веќе не е компанија на своите почетоци“, вели аналитичарката на пазарите Дебра Ахо Вилијамсон.

Само дигиталниот гигант Google има повеќе приходи од Facebook од огласувањата на интернет. Facebook е сопственик и на апликации како Instagram, Messenger и WhatsApp. Триесет и четиригодишниот Цукерберг и натаму го брани својот деловен модел и тврди дека Facebook не продавал податоци за своите корисници, и оти може да му се верува. Упорен е дека неговата социјална мрежа заработува од насочени огласи втемелени на она што го дознава од корисниците и така услугата ја одржува бесплатна.

Компанијата признава дека мора да стори повеќе за да ја поврати довербата, па вложила милијарди долари во безбедноста и оти има 30.000 луѓе кои работата само на тоа.

„Кога некоја компанија ќе стекне голема моќ и тврди дека работи најдобро во ваша полза, тоа значи дека и тоа како треба да биде проверувана. Тоа го научивме во капитализмот“, вели Бернофф. Тој се сомнева дека луѓето ќе му го свртат на грбот на Facebook поради нарушената доверба и појаснува дека корисниците се подготвени да разменат големо количество податоци за малку погодности.

И покрај бранот скандали минатата година, Facebook имал рекордна добивка од 22 милијарди евра. Во меѓувреме, Цукерберг успеа во намерата да го поврзе развиениот свет, но оној другиот допрва треба „да се закачи“ на социјалните мрежи. Според актуелниот податоци 46,7 отсто корисници од интернетот, односно малку повеќе од 23 отсто од светската популација го користи Facebook, па за ширење има уште доста простор.

Во Facebook велат, а тоа и се очекува од нив, дека ќе станат и лидер во пригушувањето на манипулациите со ткн лажни вести, заштита на податоците и оти ќе внимаваат на промените на комуникациските преференци на корисниците, вел Бернофф. Цукернберг годинава има намера лично повеќе да се ангажира на јавните форуми за тоа како технологиите може подобро да му служат на општеството.