Вооружен напаѓач убил четиринаесет деца и наставник во вторникот во основно училиште во Јувалд во американската сојузна држава Тексас, објави гувернерот Грег Абот за телевизиската мрежа CBS News.
„Напаѓачот уби, на свиреп и налудничав начин, четиринаесет ученици и наставник“, изјави гувернерот Абот.
Рече дека е осомничен 18-годишниот Салвадор Рмас, локален жител, кој исто така загинал, веројатно во разме на оган со коај одговориле полицајците во трагедијата во основно училуште во Рон, 130 километри од градот Сан Антонио.
Според првичните сознанија, Ромас бил вооружен со пиштол, а веројатно и со пушка. Јувалд се наоѓа во јужен Тексас и во него живеат над 15 илјади жители.
Американскиот претседател Џо Бајден е информиран за пукањето во училиштеро и изразува сочувство до семејствата на загинатите и настраданите, изјави портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, најавувајќи дека претседателот подоцна во вторникот ќе даде изјава за трагедијата.
„Претседателот Бајден е информиран за ужасните вести за пукањето во основното училиште во Тексас и натаму редовно ќе му бидат обновени доставувани обновени информации. (…) Ќе даде изјава вечерва, откако ќе се врати во Белата куќа“, објави портпаролката на Twitter.
Смртоносните пукања на јавни места годианва се речиси секојдневние во САД и вооруженото насилство е во пораст во големите градови како што се Њујорк, Чикаго, Мајами и Сан Франциско, превенствено имајќи го предвид периодот на пандемијата на коронавирусот од 2020 година.
Кон средината на мај САД ги потресоа расистички мотивираниот вооруќен напад во кој беа убиени 10 црнци во продавница во Бафали, во сојузната држава Њујорк.
Инцидентот е најновиот во низата смртоносни пукања во американските училишта. И веријатно е најсмртоносниот откако сСедумнаесет ученици и професори беа убиени на 14-ти февруари 2018 година во средното училиште во Парлканд на Флорида, што повторно ја разгоре долгогодишната расправа за поседувањето на огнено оружје.