Големиот број течности ќе ги спречат главоболките, ќе го поттикнат работењето на мозокот, ќе го подобрат расположението и ќе ви помогнат да се решите од вишокот килограми.
Сите знаеме дека е важно да испиете најмалку две литри вода дневно. Ако додадете во водата малку цеден сок од лимон, ќе имате голем број предности.
Еве само неколку добри страни на овој пијалак:
- го подобрува варењето
- го зајакнува имунитетот
- го хидрира телото
- дава енергија
- ја обновува кожата и ја прави поубава
- ги намалува воспаленијата
- помага при слабеење
- го алкализира телото
- го чисти организмот
- дејствува антивирусно и антибактериски
- ги отстранува симптомите на настинка
- го освежува здивот
- го подобрува работењето на мозокот
- се бори против тумори
- водата со лимон е добра замена за кофеин
Се што ви треба се неколку филџанчиња мраз, малку свежи исцеден сок од лимон и тенко исечени парчиња лимон. Мразот прелејте го со вода и додадете лимон, добро промешајте, прекријте ја и ставете ја во ладилник да отстои најмалку два часа. Се препорачува овој пијалак да го пиете наутро.