Петнаесет лица се уапсени под сомнение дека ја прислушкувале канцеларијата на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган и на други високи функционери.
Операциите се извршени во Анкара и во други турски градови, а меѓу уапсените е и поранешен телохранител на Ердоган.
Обвинителот Дуран Четин ги нареди претресите и апсењата на осомничените, меѓу кои има и полициски службеници.
Масовната полициска операција почна рано изутрината.