Против петнаесетгодишно момче е поднесена кривчна пријава за нанесување телесна повреда во нападот врз својот татко, информираше во петокот СВР Охрид.
Според охридската полиција, малолетникот роден 2002 година од кочанскоте село Оризари, делото за коешто е пријавен го извршил на почетокот од јуни во вечерните часови во стан во Охрид каде што привремено престојувал со неговиот татко.
На инцидентот му претходела вербална расправија, по која малолетникот физички го нападнал својот татко Г.И. удирајќи го со тврд предмет. Од ударите, оштетениот се здобил со видливи повреди во пределот на левото уво.