Петнаестгодишникот кој почина во Клинички центар можело да се спаси доколку клиниката го имала потребниот лек

Пред само два дена 15-годишно момче од Скопје почина во операционата сала на Клиниката за трауматологија, ортопедија, анестезија, реанимиција, интезивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) во Скопје. Момчето не е спасено подари тоа што Клиниката за траумоталогија немала лек, кој всушност требало да го има.

Момчето било примено со скршеница на колено, при што му било ставено анестезија без да биде претходно прегледен. Во овој случај ова кај него било кобно, бидејќи како што посочува Д-Маја Мојсова, управителка на Карил „Станува збор за генетска мутација при која има патолошки одговор на клеточното ниво на анестетици“.

Таа во емисијата 24 Анализа додава дека самата генетска мутација влијае анестетикот да влијае штетно на целиот организам, со зафаќање на белите дробови, срце, црниот дроб. Во случајов најголема реакција имало кај белите дробови.

Д-р Маја Мојсова посочи дека за вакви случаи „Постои лек кој не значи дека ќе спаси живот но, може да помогне во ситуации како во случајот со 15 годишното момче. Лекот не е нов, но е скап и го не нема на Хируршките клиники“.

„Станува збор за Дантролен кој не е регистриран во Република Македонија. Овој лек може да помогне, што не значи дека ќе го спаси животот но, може да помогне во спасување и ние се уште бараме начин каде да го најдеме, додаде Мојсова“.

Состојбата во здраството е алармантна при што за само неколку дена почина младо момче од обична скршеница на колено, се заменети бебиња на гинекологија, се соочуваат со недостатоци од лекови кои се важни за животот на секој граѓанин.

Влaдaтa предвoденa oд СДСМ наместо да работи за решавања на проблемите на граѓаните и да им обезбеди подобар животен стандард , далеку од очите на јавноста преговара за името на државата, аеродромот, автопатот и ги пoвредувa држaвните интереси.