За денешното петочно мени во Нетпрес готвиме посно – маринирана риба, а за десерт ќе правиме калем конец колачиња.
Потребни состојки
4 филети бела риба (600 гр)
Маринада
2 лажици маслиново масло
50 мл вода
Подготовка
Филетите измијте ги , исуштете ги на хартија, прелијте ги со маринада и оставете ги во фрижидер 30 минути. Потоа филетите извадете ги од маринада и ставете ги во тава на добро загреано маслиново масло. Печете од двете страни додека не добијат убава боја.
Прелијте ги со остатокот на маринадата, со вода и варете 3 до четири минути на тивок оган. Тргнете ги од оган и веднаш послужете.
Може да ги послужите со варен зеленчук по желба.
Калем конец колачиња
Состојки
450 гр брашно
250 гр маргарин
150 гр шеќер во прав
5 лажици мелено црно кафе
½ лажиче мелено мускатно оревче
1 лажица какао
Полнење
0,5 л соино млеко
100 гр пудинг од чоколадо
200 гр шеќер
2 јаболки
2 моркови
250 гр маргарин
100 гр чоколадо
100 гр мелени ореви
Декорација за краевите
100 гр чоколадо
30 гр маргарин
2 лажици шеќер
4 лажици вода
100 гр кокосово брашно
Декорација конец
80 гр шеќер во прав
Малку масло
Малку врела вода
½ лажици какао
Подготовка
Со мискер изматете го маргаринот со шеќер во прав и додајте мелено црно кафе, мелено мускатно оревче и какао, па додајте брашно. Замесете со рака меко тесто.
Направете тенка кора од тестото и сечете ленти, кои потоа ќе ги обвиткате околу модли до половина, крајот на колачето треба да биде добро затворено за да не се отвори при печење.
Така направените колачи ставете ги во тава обложена со хартија за печење. Печете на 160 степени околу 10 минути, а кога малку ќе се изладата, со ракавица или крпа држете го слободниот крај од модлата, а со другата рака внимателно извадете ги печените колачи.
Од ½ литар млеко извадете 1,5 дл и во него разматете го пудингот. Остатокот од млекото и шеќер ставете го да проврие, потоа тргнете го настрана, додајте го пудингот и мешајте.
Вратете го садот на оган и варете додека не се згусне со постојано мешање. Кога ќе се згусне додајте искршена чоколада, мешајте додека чоколадата не се истопи и соедини, па оставете да се излади, повремено мешајте.
Во посебно тенџере ставете го маргаринот да се стопи, па додајте изрендан морковв, ставете капак и динстајте околу 6-7 минути со повремено мешање, додајте изрендани јаболка и се’ динстајте уште 6-7 минути.. Кога се’ ќе се издинста, додајте мелени ореви, измешајте и оставете да се излади.
Двете изладени смеси составете ги матејќи со миксер.
Секое колаче наполнете го со смесата. Потоа во еден сад ставете чоколадо, коцка маргарин, вода и шеќер и стопете за глазура. Наполнетите колачи натопете ги во глазурата од двете страни, а потоа извалкајте ги во кокос.
Ставете шеќер во прав во еден сад, ставете неколку капки масло и неколку лажички врела вода, мешајте за да се добие густа смеса. Смесата ставете ја во пластична ќеса со мало дупче, што ќе ви послужи како шприц, и во средината од колачите направете бели линии. Во другиот дел од смесата додајте какао или остатокот на чоколадната глазура, измешајте и направете темни линии.
Пријатен апетит!