Петочно мени во Нетпрес: Посни лазањи и триаголници со рум

 За денешното петочно мени во Нетпрес се одлучивме да подготвиме вкусни,но, посни лазањи и слатки триаголници со рум.

Потребни состојки

Главица кромид

Печурки

Домат

1 пиперка

Маслинки

Сол, оригано

За бешамел сос

Брашно

Масло

Лук, сол

Кори за лазањи без јајца/палачинки/тортиљи

Растителен кашкавал

Подготовка

Кромидот испржете го на малку масло, па додајте исечкани печурки. Динстајте на тивок оган десетина минути. Додајте исечкани домати (свежи или од конзерва) и пиперка. Динстајте уште десетина минути па посолете и додајте оригано и сечкани маслинки.

За да направете бешамел: на масло пропржете 2-3 лажици брашно и чешне лук. Налијте вода и мешајте додека не проврие за да не се направат грутчиња. Треба да биде малку погусто од смеса за палачинки. (Може да се згусне така што брашното ќе се размати во малку студена вода и полека ќе се додаде во сосот со мешање).

Во подмачкана тава редети ги корите за лазањи и ставајте наизменично фил. Најодозгора прелијте со бешамел сос и ставете изрендан растителен кашкавал. Запечете во рерна 10 до 15 минути.

b539142ce98ab66f2290f99445cc382e_header

Посни триаголници со рум

Потребни состојки

150 гр посен маргарин

150 гр шеќер во прав

100 гр мелени ореви

100 гр мелени посни бисквити

2 мали лажички рум

100 гр посно чоколадо

100 гр желе бомбони.

Подготовка

Изматете го маргаринот со шеќер во прав, потоа додајте мелени ореви, мелени бисквити и рум. Со раце добро измешајте ја смесата, па поделете ја на два дела. Во едниот дел измешајте растопено чоколадо. Триаголниот калап обложете го со фолија, па од чоколадната маса направете триаголници.