![badnikovo](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/01/badnikovo.jpg?resize=696%2C463&ssl=1)
Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ”, бр.21/98 и 18/07), 6 јануари 2023 година (петок), Бадник, ден пред Божик, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита Бадник на граѓаните од православната вероисповед.