Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија известува дека 19-ти јануари 2018 година (петок), Богојавление (Водици), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија.
Тоа е и последниот неработен ден во април
Во април се велигденските празници. Велигден ќе биде на 8-ми април, а неработен ќе биде понеделникот на 9-ти април. Заедно со неработниот Велики петок на 6-ти април, ќе се отвори можност за подолг одмор, односно од петок до понеделник.
Спојување на празниците ќе има и во мај, кога 24-ти мај четврток нема да се работи за празникот на светителите Кирил и Методиj, а во петок на 25-ти мај, нема да се работи за Духовден, што е уште еден продолжен викенд.