Долгогодишниот чувар на мрежата во Челзи, Петр Чех конечно го напушти тимот.
По враќањето на Тибо Куртоа минатата сезона, Чех го загуби статусот “недопирлив” помеѓу “сините”, па летово се реши да ги промени клубските бои. Чешкиот голман останува во Премиер Лигата, но и во Лондон. Тој премина во еден од најголемите ривали на Челзи, тимот на Арсенал и тоа за сума од 15 милиони евра.
Доаѓањето на Чех значи дека Арсенал ќе го напушти или Војчех Шчесни или Давид Оспина, кој веќе е пикиран од Фенербахче.
Она што е најинтересно е што Чех дебито за новиот клуб би можел да го има против досегашниот клуб Челзи на натпреварот од Комјунити шилд, на 2 август на Вембли.
Чех настапуваше за Челзи 11 сезони, одигра 485 натпревари и освои четири титули во Премиер лигата, една во ЛШ, четири титули во ФА Купот и три во Лига Купот.