Чешкиот голман во редовите на Челзи, Петр Чех сезонава го загуби првотимскиот статус, нешто што и се очекуваше со доаѓањето на Тибо Куртоа.
За Чех, кој 10 години беше неприкосновен на голот на “сините” од Лондон, ваквата ситуација е неприфатлива, па јасно е зошто шпекулациите за неговото заминување од тимот се се’ почести и погласни.
Според одредени медиуми од Островот, најблиску до потписот на Чех се Арсенал и Милан. Иако засега ова се само гласини, сепак овие трансфер опции за чешкиот репрезентативен голман се многу реални, особено онаа во која Чех би го засилил тимот на Милан.
Дали Чех ќе заврши во некој од европските фудбалски гиганти, ќе покажат зимскиот, а особено летниот преоден рок.