Ракометарите на Вардар не успеаа да ја одбранат шампионската титула во домашното првенство, но раководството на тимот го продолжи договорот со уште тројаца играчи. Во наредните 12 месеци “црвено – црниот” дрес ќе го носат Владимир Петриќ, Добривое Марковиќ и Немања Прибак.
За десниот бек Петриќ ова ќе биде четврта едно по друго сезона во “црвено – црниот” дрес, додека за средниот бек Немања Прибак, претстојната сезона ќе биде петта во која ќе биде дел од Вардар. Левото крило Добривоје Марковиќ ќе ја игра третата сезона како член на се уште актуелниот шампион на Македонија.
Вардар сезонава стигна до 1/4 финалето во Лигата на шампионите каде беше елиминиран од германскиот Фелнсбург, а ја освои и титулата во Регионалната СЕХА Лига.