Петрит Сарачини удри по Македонците

Активистот во шарената револуција Петрит Сарачини, кој сега работи како координаторот на Одделението за медија мониторинг при Владата, во дискусија на Твитер, каде е потпишан под псевдонимот „Анон Мра“ ги посочи „вредностите на луѓето во Македонија“ како главна причина за евентуалната победа на ВМРО-ДПМНЕ на изборите на 12-ти април.

„Да ми простиш, ВМРО во 2016-та доби повече гласови од СДСМ, и покрај методите. А и сега добро се држи, и покрај методите и криминалот. Ако некој го врати ВМРО, нема тоа да биде СДСМ, туку вредностите на луѓето во МАкедонија, кои и покрај децениски криминал пак гласат за мвро“, стои во коментар на Сарачини објавен на Твитер.

Така љубителот на ликот и делото на З.З., платеник и слуга на З.З. упатува уште еднаш тешко навреди кон Македонците и другите граѓани кои гласаат за ВМРО-ДПМНЕ. Овојпат неговите навреди се обиде да ги искаже метафорично… Во очигледната немоќ и соочени со поразот и уште повеќе со одговорноста што ќе следи по изборниот пораз, лицата чијашто единствена компетентност за позициите кои ги држат е слугувањето на З.З., ги навредуваат сите кои размислуваат поинаку.