
Петрит Сарачини заминува од Министерството за култура заедно со министерот Роберт Алаѓозовски. Тој беше вработен како посебен советник во кабинетот на Алаѓозовски.
Беше привилегија и чест да се биде во служба на граѓаните и нашата земја, во значајни времиња на ослободување од авторитарен, насилен, криминален националистички режим и нормализирање на државата. Се надевам дека бевме достојни на предизвикот, напиша тој на социјалните мрежи.
Сарачини се заблагодари на поддршката што ја добил во изминатите месеци, а била насочена кон заложбата за инклузивна култура за сите. Тој беше вработен во Министерството за култура пред една година по покана на Алаѓозовски, со кого се познавал 25 години.