Ме изеде срам што денеска никој од пратениците на СДСМ не зеде збор на седницата на Собранието, ни требаат пратениците а не ќутолози, кој не е спремен за таа активност во Собранието, нека си поднесе оставка од позицијата пратеник, истакна Андреј Петров, член на Извршниот одбор на СДСМ во гостување во „Тема на денот“ на Сител телевизија.
„Моето видување е дека за жал и малку срам ме изеде од однесувањето на СДСМ на денешната седница, бидејќи никој не стана и не кажа збор“, рече Петров посочувајќи дека на денешната седница во Собранието никој од пратениците на социјалдемократите не смогнал сила да зеде збор на седницата.
Таквото онесување, рече Петров, кај него предизвикува чувство на срам.
„Едно е да бидете конструктивни, треба опозицијата да биде конструктивна, но работата на пратеник во парламентот е да зборува на говорница. Што му е работата? Ако некој нема намера да зборува на говорница, место да поднесува оставки од партиски органи нека си поднесе оставка од пратеничкиот мандат“, нагласи тој.
Споре него, денеска „барем еден или двајца“ пратеници од СДСМ требало да излегоа на собраниската говорница и да ги кажат нивните забелешки.
„Парламентот не е место каде што треба да седат ќутолози“, им порача Петров на сопартијците.