Петровска да престане да лаже, луксузната дивоградба да ја подари на здруженијата на бранители

Целосен молк од страна на Славјанка Петровска, откако директорот на Катастар ги разоткри нејзините лаги за луксузната вила. Иако Петровска тврдеше дека парцелата на која е изградена луксузна дивоградба со базен ја продала пред 10 години, сепак директорот Тунџев откри дека оваа парцела била продадена пред 2 години, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Но сепак на лагата и се кратки нозете. Па така на оваа парцела која била во сопственост на Петровска, според снимките на Google, бесправно започнало да се гради објект уште во 2009-та година. Па така во 2012-та година до луксузната дивоградба, Петровска гради базен, a во 2016-та година доградува и уште еден помошен објект, кој исто така е дивоградба. Не успеаја лагите и манипулациите на Петровска и Тунџев, постои луксузната дивоградба изградена во периодот од 2009-та до 2016-тата година на земјиште кое до 202та година било во сопственост на Петровска. Иако Славјанка Петровска се обиде да ја излаже јавноста и да манипулира дека оваа луксузна дивоградба со базен, не е нејзина, фактите говорат дека токму Петровска на последните локални избори во 2021 година гласала на избирачко место бр. 2948/1 токму во Радишани, место каде што се наоѓа и оваа хациенда, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Славјанка Петровска треба да одговара кривично, бидејќи бесправното градење е кривично дело.

„Исто така Антикорупциска комисија треба веднаш да отвори случај заради прекривање на имот, бидејќи истото го нема во анкетниот лист на Петровска.

Одговорност мора да има, а Петровска треба веднаш да ја подари луксузната вила на здруженијата на бранителите“ – посочуваат од партијата.