![sobranie za vlada](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/08/sobranie-za-vlada.png?resize=696%2C385&ssl=1)
Пратеничката Марија Петрушевска, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на вечерашната собраниска седница го нарече пратеникот Зекир Рамчиловиќ „предавникот Зекир”.
Рамчиловиќ претходно зборуваше за состојбите во Петровец, по што Петрушевска се јави за контрареплика, посочувајќи дека тој ги лажел и измамил сограѓаните во оваа општина.
-За моите сограѓани вие сте и ќе останете предавникот Зекир, рече Петрушевска.
Рамчиловиќ и врати дека ваквиот речник е својствен за ВМРО-ДПМНЕ.
-Затоа ја изгубивте поддршката меѓу Бошњаците во земјава и нема да победите на избори се додека не го смените начинот на однесување, рече Рамчиловиќ.