Петрушевски до СДСМ: Го осиромашивте народот, а земјоделците ги направивте социјални случаи

Денес пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски на собраниската комисија за финансирање и буџет посочи владата граѓаните ги доведе во доста лоша економска состојба, живеат на работ на егзистенција. А, владата енормно се богати на грбот на народот.

„Земјоделците власта ги дотурка до питачки стап. Знаете колкава мака вложуваат земјоделците во оваа држава, маката на крајот им е неисплатлива. Од година во година државата мора да интервенира со големи финансиски средства за да ги доведеме во нормална економска ситуација“, истакна Петрушевски.

Петрушевски додаде дека власта од земјоделците направи социјални случаи.

„Државата свесно го прави тоа, за да може власта да има влијание врз таа категорија на граѓани. А, тие ќе бидат зависни од таа финансиска поддршка што ќе им ја даде власта, со што би можеле подоцна да манипулираат конкретно пред избори“, нагласи Петрушевски.

Петрушевски посочи дека субвенциите на земјоделците доцнат.

„Катастрофално ни осиромашува народот. Ние имаме сериозен економски проблем во државата. И проблемот не е само предизвикан од КОВИД кризата. Генерално имаме проблем во државата со сиромаштија“, потенцира Петрушевски