Петрушевски: ЕСМ во 2017-та имаше 20 милиони евра на сметка, а во 2024-та имаше минус од 80 милиони евра

СДС ги уништи енергетските претпријатија. И како последица на тоа струјата во нивно време се зголеми за над 50%. ЕСМ беше оставено во 2017 година со 20 милиони евра на сметка, за во 2024 година, кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт го затекне со минус од 80 милиони евра, истакна Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

-7 години власта на СДС не изгради ниту еден нов енергетски објект, а од сметката на буџетот префрлени над 370 милиони евра на ЕСМ.

Очигледно е недомаќинското работење на власта на СДС, која заради бизнис профит на поединци организираше скап увоз на јаглен и на струја, вели Петрушевски и додава-

„Милиони евра народни пари се потрошени заради бизнис зделки на малкумина, а сето тоа народот го плати не само од буџетот, туку и преку поскапи сметки за струја.

На криминалното работење во енергетиката се стави крај. Одговорност ќе има. А новото раководство на ЕСМ работи на консолидација на претпријатието“.