
Облечени во јакни и капути пратениците на опозицијата сѐ уште со долги говори
(ФИЛИБАСТЕРИНГ) го спречуваат носењето на законот со кој владата ќе плати 33 милиони евра на Макпетрол за уделот во ГАМА.
Пратениците информираат дека со цел да ги натераат да заминат дома и да се прекине расправата власта се служи со подмолни трикови како гаснење на загревањето во собраниската сала.
“И во 5 часот наутро седницата трае… Го исклучија и греењето само да нѐ натераат да се откажеме од говорење, за да помине исплатата од 33 милиони евра за Макпетрол ветена од Заев! No pasarán”, пишува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски од салата на Собранието.