Пратениците на Левица ги немаше да го поддржат Законот за студентски оброк, најверојатно поважно им беше јадењето на својот далеку побогат оброк во собранискиот ресторан, објави на Фејсбук пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
„Додека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалиција се изборија за правата на студентите што протестираа пред Министерството за образование, предлагајќи ги нивните измени во Законот за студентски оброк, Левица освен на социјалните мрежи ги нема никаде кога реално треба да се сработи нешто за интересот на граѓаните“, напиша тој на Фејсбук.