
На Илинден се ударани темелите на македонската државност. Иако до денес оспорувани и негирани како народ, Крушевскиот манифест и одлуките на АСНОМ секогаш ќе бидат непобитен доказ за нашата самобитност, а жртвите од Илинденското востание и НОБ наш завет и должност за продолжување на нивното дело и одбрана на македонскиот јазик, идентитет, култура и посебност, истакна претеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.
-Македонскиот народ мора да биде сплотен и да сфати дека ова парче земја, не е само обично парче земја. Македонија е историја.
Македонија е поезија, Македонија е Библиска земја и непокор, а пред се’ Македонија е наша татковина. Една и единствена!
Делегација на ВМРО-ДПМНЕ во состав Даниела Христова, Миле Лефков и Бране Петрушевски оддадоа должна почит кон основоположниците на државноста, додека Бране Петрушевски беше член и на собраниската делегација.
Нека е вечен 2ри Август – Илинден, Денот на републиката, нека е вечна Република Македонија.
https://www.facebook.com/branebelich/posts/10158165205301957