Петрушевски: Не постои сила, метод и начин со кој власта ќе го натера ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставни измени

„ВМРО-ДПМНЕ обелоденува сериозни криминали за внукот на Али Ахмети за кои овие од СДС не смеат да зуцнат затоа што им зависи владата и поголемиот партнер може многу лесно да замине“, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во вечерашното гостување во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24.

Тој додаде дека Ислам Абази е потчинет на братот на Али Ахмети и шоферот на Али Ахмети.

„Начинот на кој е избран Ислам Абази го спореше Американската амбасада. Зборуваме за човек кој братот на Ахмети му се има качено над глава на слика“, рече Петрушевски.
Петрушевски е дециден дека ДУИ има метастазирано во судството и обвинителството и никогаш нема да покренат постапка освен постапка против нивните не истомисленици. „Се претворивме во држава каде не смееш да чепнеш функционер на ДУИ. Не постои сила со која прво ќе не спречат да им ги кажуваме сите криминали за кои многу наскоро ќе одговараат сите и ќе ги вратат парите украдени од грбот на граѓаните и поштените граѓани Албанци. Ќе одговараат и обвинителите кои фингираат обвиненија против опозицијата“, кажа Петрушевски.

Тој заклучи дека не постои сила, метода и начин со кој власта ќе го натера ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставни измени. Предлозите беа да дадени и не беа прифатени на ВМРО-ДПМНЕ и тука завршува приказната за уставни измени.