-Секој ден имаме дојави за бомби и тоа не натера да побараме седница на комисијата за одбрана и безбедност. Сметаме дека власта сака да избега од одговорноста која мора да ја сноси за сите пропусти во министерството и институциите кои се раководени од нивни кадри, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски за Тема на денот на Сител, во врска со тоа што Оливер Спасовски на затворена седница го даде извештајот за мерките и активностите кои МВР ги презело во врска со лажните дојави за бомби, како и класифицирањето за државна тајна.
Петрушевски истакна дека од Спасовски било побарано да се види дали МВР има одредени проблеми и доволно капацитет во справување со оваа ситуација и како Собранието може да поогне за да може да се намали паниката во јавноста, но се што направи власта е да го класифицира како државна тајна,.
– Министерот кој по закон има можност да класифицира информација како државна тајна ја употребил таа можност и информацијата до пратениците ја класифицирал како државна тајна, рече тој.
Посочи дека исто било побарано и Спасовски да одговори за системските недостатоци како партизацијата на МВР; како е можно кадри да бидат апсени за шверц на дрога, за поткуп, јавноста заслужува да ги добие сите одговори.
– Кој ќе беше ефектот ако тоа се зборуваше пред затворени врати, кога јавноста немаше да може да знае ништо што се дебатира. Недостига волја од власта и тоа се гледа со самата класификација и затворањето на седницата за јавноста. Не беше прифатен нашиот предлог да разговараме за овие теми и од тој момент ние не можеме ништо да зборуваме надвор од тоа што се разговарало. Се работи за затворена седница и законски сме обврзани да молчиме. Системските пропусти во безбедносниот сектор се во континуитет, бруталната партизација на тој безбедносен сектор не може да овозможи справување со ваквите предизвици, рече Петрушевски.