Кошаркарите на Индијана Пејсерс ноќта кон саботата ја постигнаа својата петта последователна победа оваа сезона во НБА лигата совладувајќи ги Торонто Репторс со 107:104, а Бостонс Селтиск се вратија на победничките патеки.
Индијана го надигра Торонто со 31:20 во третата четвртина за водство од еден кош по што Стефенсон ја презема одговорноста за натамошниот тек на натпреварот. Тој погоди шест кошеви од седум обиди, вклучително ни неколку „тројки“ благодарејќи на што Пејсерс дојдот адо најголемото водство на мечот.
Два дена откако ја прекина победничката низа, Бостон Селтикс се вратија на победничките патеки славејќи со 118:103 над Орландо Меџик. Орландо заостануваше 14 поени на крајот од првата четвртина, 26 на полувремето и 30 на почетокот од последната делница.
Бостон до победата ги предводеше Кајри Ирвинг со 30 кошови, а Тери Розиер додаде 23 поени. Кај Орландо најдобар беше Џонатан Сајмонс со 14 поени, Илфиред Пејтон и Мариз Спрејгтс додадоа по 12 поени.
Кливленд Кавалирс ја запишаа седмата последователна победа откако со 100:99 беа пиоодбри од Шарлот Хорнетс, а Леброн Џејмс дојде до својот 57-ми „триол-дабл“ во кариерата со 27 кошови, 16 скокови и 13 асистенции. Џеј Ар Смит го погоди слободното фрлање со кое Кливленд одјде до изедначување 48 секунди пред крајот. Смит мечот го заврши со 16 кошеви, а Кевни Лав со 11 поени и 13 скокови за Кливленд, Двајт Хауард ги предводеше ШАрлот со 20 поени и 13 скокови.
Феникс Санс беа поразен на домашен терен со 115:91 од Њу Орлеанс Пеликанс. Пеликанс на полувремето имаа водство од дури 30 поени, а Сасн се ограничија на 39 отсто шут од игра, така што најдобриот стрелец на домашните Девин Букер постигна само 13 поени. Њу Орлеанс ја задржа предноста од полувремето целата трета четвртина на чиј крај имаа водство од 94:62.
Ентони Дејвис и Демаркус Кузинс беа најголем проблем за одбраната а Феникс. Дејвис поистина 23 кошови, а Кузинс 19 со 9 скокови, 6 асистенции и две украдени топки.
Актуелните НБА шампиони Голден Стејт Вориорс дури со 143:94 дома ги совладаа Чикаго Булс, иако играа без Кевин Дуарнт и Дрејмонд Грин. Чикаго имаше предност од три поена на крајот од првата четвртина, но тогаш Вориорс ги надиграа Булс со 47 кошови разлика во следните две четвртини. Стеф Кари беше најефикасниот на мечот со 33 поени, од кои 26 во втората четвртина. Клеј Томпосн додаде 29 кошови од кои пет „тројки“.